• четврток, 21 ноември 2024

Поради големи загуби, разрешен директорот на шведскиот пензиски фонд

Поради големи загуби, разрешен директорот на шведскиот пензиски фонд

Стокхолм, 11 април 2023 (МИА) - Шведскиот пензиски фонд Алекта денеска го отпушти извршниот директор Магнус Билинг по големите загуби на удели во пропаднатите американски банки.

„Сакаме да ја вратиме довербата на клиентите“, соопштија од шведскиот пензиски фонд.

Алекта изгуби 7,5 милијарди шведски круни (676 милиони евра) само со продажбата на својот удел во американската банка First Republic.

Во март, агенцијата „Стандард и Пурс“ го намали рејтингот на банката двапати за само четири дена, а „Мудис“ го класифицираше купувањето на должнички хартии од вредност од страна на банката во категоријата шпекулации.

Според извештајот за 2022 година, Алекта во своето портфолио имала акции во американската банка  во вредност од околу девет милијарди круни. Колапсот на банката Силиконска долина и Signature го чинеше фондот 12 милијарди шведски круни. паг/

Фото: Јутјуб

 

Остани поврзан