• петок, 05 декември 2025

Попладне продолжува амандманската расправа по ребaлансот на Буџетот

Попладне продолжува амандманската расправа по ребaлансот на Буџетот

Скопје, 11 јули 2025 (МИА) - На собраниската Комисија за финансирање и буџет и денеска продолжи амандманската расправа по ребалансот на Буџетот. На денешната седница беа дискутирани вкупно 22 амандмани, од кои само еден беше прифатен поднесен од пратениците од власта.

Претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска на почетокот на седницата информира дека од пратеничката група на Левица до неa пратиле допис оти одлучиле да повлечат дел од нивните амандмани. Од вкупно 22 амандмани, 11 беа поднесени од Европски фронти, 10 од Левица и еден од пратениците од власта.

Поднесените амандмани кои беа одбиени се однесуваа на изградба на жичарницата Тетово – Попова Шапка, финансирање на стадионот во Тетово, за купување на заштитна опрема на земјоделските култури од град, за откупни државни центри за земјоделски производи во Прилеп и во Струмица, за изградба на градинка во село Свиларе во Општина Сарај, за изградба на старечки дом во Скопје и други инфраструктурни проекти во неколку населени места. 

Прифатен беше само амандманот поднесен од пратениците од власта, кој се однесуваше на обезбедување средства во износ од 50 милиони денари за исплата на надоместок на право на посебен додаток кои ги користат лицата со попреченост до 26 години и лица над 26 години старост, односно за лицата за правото на попреченост. 

Седницата на собраниската Комисија нза финансирање и буџет со амандманската расправа по ребалансот на Буџетот продолжува во 15:30 часот. фф/дма/

Фото: Принтскрин од видео

Остани поврзан