• понеделник, 23 декември 2024

Попис мора да се направи, без него не можеме да ја планираме иднината, вели Спасовски

Попис мора да се направи, без него не можеме да ја планираме иднината, вели Спасовски
Скопје, 28 декември 2020 (МИА) - Попис мора да се направи, затоа што ако не го направиме пописот не можем да планираме никаков развој во иднина, дециден е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за Утрински брифинг на Слободна ТВ.
-Овој процес кој е тргнат во делот на организација на пописот треба да се одржи. Предлозите се добродојдени. Но прашaње е дали се реални. Дали е реално да се изврши попис со отпечаток од прст како што планира ВМРО-ДПМНЕ, дали е реално да се обезбедат финансиски средства за да можат да се набават ваквите апарати, дали е реално да очекуваме дека некој може да изврши испорака на тие апарати, и најважно сепак е прашањето зошто опозицијата на дебатата која се одвива со години, токму во овој момент се одлучува да поставува еден некаков нов услов за евенутална поддршка. Затоа ќе кажам. Попис во државата мора да има, додава Спасовски. ац/са/
 

Остани поврзан