• четврток, 21 ноември 2024

Помпео повика трети земји да останат надвор од конфликтот околу Нагорно Карабах

Помпео повика трети земји да останат надвор од конфликтот околу Нагорно Карабах

Вашингтон, 3 октомври 2020 (МИА) - Државниот секретар на САД, Мајк Помпео повика трети земји да останат надвор од конфликтот околу спорниот регион Нагорно Карабах и нагласи дека се надева оти извештаите за сириски борци кои пристигнуваат во Азербејџан преку Турција не се точни.

Помпео ја даде изјавата по неговата посета на Хрватска, последната станица на неговата мини европска турнеја.

Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон ја обвини членката на НАТО - Турција, која го поддржува Азербејџан, за испраќање „џихадистички“ борци од Сирија, што и Анкара и Баку негираат.

Во заеднички повик, рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон ги повикаа двете страни да се вратат на разговорите насочени кон решавање на нивниот долготраен територијален спор.

Во неделата избувнаа борби меѓу ерменските и азербејџанските сили поради долготрајниот територијален спор околу Нагорно Карабах. Речиси 200 лица, вклучително и цивили, се убиени во борбите, и покрај зголемените меѓународни повици за прекин на огнот. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан