• понеделник, 23 декември 2024

Поморски вежби на иранската војска во Ормунскиот Проток

Поморски вежби на иранската војска во Ормунскиот Проток
Техеран, 10 септември 2020 (МИА) - Иранската армија денеска ги започна своите годишни тридневни поморски вежби во близина на Ормунскиот Проток, пренесува државната телевизија. Како што наведува, морнарицата, воздухопловните и копнените сили учествувале во маневар во Оманскиот Залив. Исто така најавено е дека за време на вежбите ќе се користат ирански подморници и беспилотни летала. Адмиралот Хабиболах Сајари, командант на годинашниот маневар наречен „Золфагар-99“, рече дека целта на воената игра е „да се подобри подготвеноста за соочување со странски закани и каква било можна инвазија“. Иранската морнарица управува со сите операции во Оманскиот Залив, на источната страна на Ормунскиот Теснец, низ кој минуваат 20 проценти од сите премини за трговија со нафта. паг/    

Остани поврзан