• понеделник, 23 декември 2024

Пол Макартни ќе стане највозрасната ѕвезда на вечерта на Гластонбери

Пол Макартни ќе стане највозрасната ѕвезда на вечерта на Гластонбери
Лондон, 20 јуни 2022 (МИА) - Сер Пол Макартни ќе стане највозрасната соло-ѕвезда на вечерта на Фестивалот Гластонбери во Велика Британија. Неговиот настап е в сабота, еден ден откако 20-годишната Били Ајлиш треба да стане најмладата ѕвезда на вечерта на фестивалот. Фестивалот, кој беше откажан последниве две години поради пандемијата на коронавирус, ќе се врати со поранешниот член на „Битлс“ како главен настапувач во сабота навечер, точно една недела откако тој го прослави својот 80. роденден и над 60 години музичка кариера. Настапот на сер Пол се очекува да привлече голема публика и може да им парира на оние на „Ролинг стоунс“ од 2013, и на Адел во 2016 година. Сер Пол Макартни е роден во Ливерпул, Англија, 1942 година, па го запознал Џорџ Харисон на училиште. Потоа, на 15 години, го запознал и Џон Ленон, па подоцна со Стјуарт Сатклиф на бас-гитара и Пит Бест на тапани, ја создале групата „Битлси“.  Кога Сатклиф го напуштил бендот 1961, Пол го презеде басот. Сер Ринго Стар го замени Бест како тапанар во 1962 година. Хитови што се помнат се: „Love Me Do“, „Twist And Shout“, „All You Need Is Love“, „Let It Be", „Hey Jude“... Поп-рок бендот се распушти во 1970 година.  си/сд/

Остани поврзан