• недела, 22 декември 2024

Полскиот министер за култура одлучи државните медиуми да влезат во постапка за ликвидација

Полскиот министер за култура одлучи државните медиуми да влезат во постапка за ликвидација

Варшава, 27 декември 2023 (МИА) - Полскиот министер за култура Бартоломеј Сиенкиевич денеска изјави дека одлучил да ја стави државната телевизија, како и радиото и новинската агенција, во постапка за ликвидација.

Неговиот потег следи по одлуката на полскиот претседател Анджеј Дуда да стави вето на предлозите на новата влада за финансирање на јавните медиуми.

-Поради одлуката на претседателот на Полска да го суспендира финансирањето на јавните медиуми, решив да ги ликвидирам компаниите кои управуваат со телевизијата, радиото и новинската агенција, објави Сиенкиевич на платформата „Х“.

Тој рече дека во сегашната ситуација со ваквата реакција ќе се обезбеди продолжување на работата на тие компании, ќе се овозможи потребното преструктуирање и ќе се спречи отпуштање на вработените. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан