• вторник, 17 декември 2024

Полицијата уапсила лице од Велешта поради напад на две лица

Полицијата уапсила лице од Велешта поради напад на две лица

Струга, 4 декември 2024 (МИА) - Струшката полиција приведе 43 - годишен жител на селото Велешта, од кој бил одземен пиштол со дијаболи, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера околу 12 часот полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Б.Н.(43) од струшкото село Велешта и од него одзеле еден пиштол со дијаболи „Colts“.

- Лицето се сомничи дека во струшката населба „Езерски лозја“ со остар предмет го нападнал Е.М. од струшкото село Франгово, а потоа со пиштол го удрил Б.Н. од селото Велешта, стои во соопштението на СВР Охрид.

По целосно расчистување и документирање на настанот, треба да биде поднесена соодветна пријава. сс/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан