• понеделник, 23 декември 2024

Полицијата приведе две лица кои сами ја ограбиле фирмата во која работеле, па пријавиле разбојништво

Полицијата приведе две лица кои сами ја ограбиле фирмата во која работеле, па пријавиле разбојништво
Скопје, 23 ноември 2020 (МИА) - Полицијата денеска приведе две лица од Скопје, кои на 18 овој месец испланирале грабеж на фирмата за брза достава на пратки во која работеле, по што во полиција пријавиле разбојништво во кое им бил одземен дневниот промет. Полициски службеници по добиените оперативни сознанија денеска ги привеле М.М. (22) и Р.М. (19) од Скопје. - Разбојништвото го испланирал вработениот Р.М. откако претходно се договориле со М.М. и на локалниот пат село Чифлик - село Рженичино кај место викано Кисела Вода, откако Р.М. ги доставил сите пратки и ги собрал парите, на посоченото место М.М. со дигалка го скршил стаклото од возачката врата на службеното возило на фирмата, по што ги поделиле парите од дневниот промет, а потоа вработениот Р.М. пријавил на 192 дека наводно му било извршено разбојништво, се вели во соопштението од МВР. По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.  аа/бак/

Остани поврзан