• четврток, 25 декември 2025

Полицијата лиши 38-годишен жител на Општина Чашка, физички ја напaднал мајка му 

Полицијата лиши 38-годишен жител на Општина Чашка, физички ја напaднал мајка му 

Велес, 25 декември 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес синоќа, во 19:40 часот, лишиле од слобода 38-годишник од село во Општина Чашка, по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 64 - годишна мајка, при што употребил и дрвен предмет.

Како што денеска информираа од СВР Велес,  тој бил  задржан во полициска станица, известен бил  јавен обвинител и по документирање на настанот ќе му биде поднесен соодветен поднесок. ад/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан