• среда, 15 мај 2024

Полицијата во Старо Нагоричане го пронајде исчезнатиот кумановец

Полицијата во Старо Нагоричане го пронајде исчезнатиот кумановец

Скопје, 8 јануари 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово по преземени мерки и активности денеска во селото Сув Орах во Општина Старо Нагоричане го пронајдоа Ц.Д.(60) од Куманово. Од МВР соопштија дека лицето е во добра здравствена состојба.

За него вчера во 20.00 часот неговата сопруга М.Д. пријавила дека се оддалечил од домот, а дека станува збор за лице со здравствени проблеми.бт/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан