• недела, 22 декември 2024

Полициска акција за апсење на изнудувачи

Полициска акција за апсење на изнудувачи
Скопје, 4 ноември 2021 (МИА) - Во Скопје во тек е голема полициска акција за апсење на изнудувачи на бизнисмен, објавија медиумите повикувајќи се на неофицијални информации. Од МВР ниту ги демантираат, ниту ги потврдуваат деталите од медиумите кои вечерва шпекулираат дека се апсат и луѓе на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). МИА ги контактираше ОЈО, АНБ и МВР, кои официјални информации најавуваат по завршувањето на акцијата. Порталите и он лајн медиумите, повикувајќи се на неофицијални информации, пишуваат дека во полициска акција се апсат неколку истражители на АНБ и еден помлад оперативец. Според истите непотврдени пишувања станувало збор за рекетирање на бизнисмен. Официјални информации се најавуваат во текот на утрешниот ден по сумирањето на сознанијата во полициската акција. дма/сст/

Остани поврзан