Полицаец застрелан во населбата Ѓорче Петров
- Полициски службеник е застрелан во населбата Ѓорче Петров на кружниот тек, кај црквата Св. Петар и Павле околу 16:40 часот. Полицаецот се здобил со полесни повреди на ногата и е надвор од жив

Скопје, 1 март 2021 (МИА) - Полициски службеник е застрелан во населбата Ѓорче Петров на кружниот тек, кај црквата Св. Петар и Павле околу 16:40 часот. Полицаецот се здобил со полесни повреди на ногата и е надвор од животна опасност, информира Министерството за внатрешни работи.
-Засега е познато дека полицаецот З.Р. се наоѓал во автомобил „Мерцедес“, додека напаѓачите од возило „Голф“ го застрелале и избегале од местото на настанот. Повредениот полицаец имал прострелна рана во ногата и сам се упатил кон ГОБ „ 8-ми Септември“, каде му е укажана медицинска помош, соопшти МВР
Полицијата работи на расчистување на случајот. ки/дма/