• понеделник, 23 декември 2024

Покрај коронавирусот, во Кина се појави и птичји грип

Покрај коронавирусот, во Кина се појави и птичји грип
Пекинг, 2 февруари 2020 (МИА) - Епидемијата на коронавирусот во Кина се уште трае, а во меѓувреме во земјата се појави и старо-новата болест птичји грип. Според кинеското Министерство за земјоделство и рурални работи, птичјиот грип се појавил на една фарма во градот Шаојанг, во покраината Хунан, при што угинале 4.500 кокошки, односно повеќе од половина од вкупниот број живина. По избивањето на заразата, во овој град угинале речиси 18.000 кокошки. Министерството наведува дека причина за појавата на птичјиот грип е високо заразниот подтип на грипот Х5Н1. Од 2003 година досега, од птичји грип починаа 455 луѓе низ светот, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Вкупниот број на птици кои угинаа од оваа болест се проценува на околу 120 милиони. гт/

Остани поврзан