• сабота, 13 јули 2024

Познати условите под кои услови Имобиле ќе потпише договор со Бешикташ

Познати условите под кои услови Имобиле ќе потпише договор со Бешикташ

Истанбул, 13 јули 2024 (МИА) – Италијанскиот фудбалер на Лацио Чиро Имобиле наскоро ќе стане играч на Бешикташ, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.

Според Ди Марцио, фудбалерот ќе потпише двегодишен договор вреден шест милиони евра.

Претходно Имобиле го потврди своето заминување од римскиот клуб.

Триесет и четиригодишниот Италијанец игра за Лацио од 2016 година. Заедно со тимот го освои Купот на Италија и два пати го освои Суперкупот на земјата. 

Напаѓачот има 207 гола и 54 асистенции на 340 натпревари за римскиот клуб. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан