Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо
- Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур.
Сингапур, 18 јули 2025 (МИА) – Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур.
Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте најдобри репрезентации со триумф над Канада со 22-10.
Црна Гора во четвртфиналето ќе игра против Шпанија, додека Грција за противник ќе ја има Италија.
Преостанатите два четвртфинални дуели се Србија – САД и Хрватска – Унгарија/
Четвртфинални пресметки се закажани за в недела.ег
ФОТО: Икс