Позитивен на коронавирусот уште еден здравствен работник од Кавадарци
- Позитивен на Ковид-19 е уште еден здравствен работник од Кавадарци, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Кавадарци, 15 декември 2020 (МИА) - Позитивен на Ковид-19 е уште еден здравствен работник од Кавадарци, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
- Изминатите 24 часа евидентирани се 24 новозаболени. Најмладиот има 22 години, а најстариот 81 година. Осумнаесет лица се од Кавадарци, едно од Росоман и пет од Неготино, рече Јовановски.
Од Ковид-19 починало 84-годишно лице од неготинско.
Се работи на утврдување на контактите на новозаболените, со цел да се изолираат.свд/фф/