Пожар зафати барака во Мичурин, за брзо време ставен под контрола
- Пожар попладнево избувна во барака во скопската населба Мичурин, информира за МИА Ѕвноко Томевски, командир во Бригадата за противпожарна заштита.

Скопје, 1 јули 2022 (МИА) - Пожар попладнево избувна во барака во скопската населба Мичурин, информира за МИА Ѕвноко Томевски, командир во Бригадата за противпожарна заштита.
Од пожарот бил зафатен внатрешниот дел од бараката и кровот, а во неговото гаснење интервенирале осум пожарникари со три противпожарни возила.
- Пожарот за брзо време беше ставен под контрола и е целосно изгаснат. Повредени лица нема, информира Томевски. мс/дма/