Пожар во атарот на каменичкото село Цера
- Во атарот на каменичкото село Цера попладнево избувна пожар. Како што информираат од Територијалната противпожарна единица од оваа општина дојавата за пожар е регистрирана околу 18 часот, по

Македонска Каменица, 17 јануари 2022 (МИА) - Во атарот на каменичкото село Цера попладнево избувна пожар. Како што информираат од Територијалната противпожарна единица од оваа општина дојавата за пожар е регистрирана околу 18 часот, по што нивна екипа се упатила кон атарот на ова село.
- Во моментот се утврдува точната локација, по што ќе знаеме и повеќе детали за видот и обемот на пожарот, информираа од ТППЕ од М.Каменица
Случајот го пријавиле жители на село Косевица, според кои најверојатно станува збор за пожар од поголем обем.
Ова е прва интервенција на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица во новата 2022 година. вс/фф/