• среда, 17 јули 2024

Пожар во атарот на каменичкото село Цера

Пожар во атарот на каменичкото село Цера
Македонска Каменица, 21 март 2022 (МИА) - Во Македонска Каменица попладнево избувна пожар во атарот на селото Цера. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица, а како што  информираше командирот Малин Трајчевски, спречено е ширење на пожарот во близина на куќите.
-Наши екипи гаснат кај местото Куклите, каде во близина има куќи. Таму е изгаснат пожарот, но се движи во правец на Црна Река, истакна Трајчевски.
Засега нема информација колкава е штетата и која е причината за пожарот. Пожарникарите остануваат на терен до целосно локализирање на пожарот. вс/бак/

Остани поврзан