• понеделник, 23 декември 2024

Поднесено е обвинение за убиството на детето Данка Илиќ од Бор

Поднесено е обвинение за убиството на детето Данка Илиќ од Бор

Белград, 24 септември 2024 (МИА) - Вишото јавно обвинителство во Заечар поднесе обвинителен акт против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничени за убиството на тригодишното девојче Данка Илиќ. Тие се товарат за кривично дело тешко убиство, а обвинителството бара доживотна казна затвор, јави дописникот на МИА од Белград.

Радослав Драгијевиќ, таткото на Дејан Драгијевиќ, се товари за полесни кривични дела, помагање на сторителот по извршено кривично дело и непријавување на сторителот. За тие кривични дела максималната затворска казна е до осум години.

Обвинителството предложи судот да им го продолжи притворот на осомничените.

Случајот со двегодишната Данка Илиќ која исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор ја подигна Србија и регионот на нозе, а нејзиното исчезнување беше причина првпат да се активира системот „Најди ме“, односно Amber Alert, кој итно ја известува јавноста за исчезнување на дете.

Иако полицијата соопшти дека осомничените го признале делото, Вишото јавно обвинителство од Зајечар во јули соопшти дека осомничените за убиството на двегодишното девојче негирале дека го сториле делото.

Обвинителството претходно соопшти дека од службеното возило на ЈКП „Водовод“ каде осомничените работеле, одземени се над 500 траги, за кое полицијата се сомнева дека го управувале двајцата осомничени кога го удриле детето.

-Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ, како во самиот автомобил, така и на надворешните делови на возилото, соопшти обвинителството во јули.

Полицијата во Србија се уште го нема пронајдено телото на девојчето. об/

Остани поврзан