• четврток, 04 декември 2025

Поднесена пријава против музичари од Босна и Херцеговина, настапувале во објект во Кичево без содветна работна дозвола  

Поднесена пријава против музичари од Босна и Херцеговина, настапувале во објект во Кичево без содветна работна дозвола  

Скопје, 1 декември 2025 (МИА) -  Одделението за внатрешни работи Кичево и Регионалниот центар за гранични работи – Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат, ноќта меѓу 29 и 30 ноември спроведоа засилена акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Кичево.

- При контрола на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, затекнати се Џ.Р.(23), како пејачка и К.Џ.(27), Е.П.(25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), како членови на музички бенд, сите од Босна и Херцеговина, кои вршеле работа без претходно обезбедување на соодветна работна дозвола, со што сториле прекршок по член.23 став.3 од Законот за странци („Службен весник на РМ.„ Бр. 97/2018 и 108/2019), казнив според член 217, став 1, точка 2, од истиот закон, се наведував во соопштението од МВР.

Против нив е поднесена прекршочна пријава до Основниот суд Кичево. дма/вј/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан