• петок, 05 декември 2025

ПОДЕМ: Коњановски во вториот мандат ќе го пушти во употреба автопатот Битола–Прилеп

ПОДЕМ: Коњановски во вториот мандат ќе го пушти во употреба автопатот Битола–Прилеп

Скопје, 16 октомври 2025 

Во Битола се одржа масовна и инспиративна средба на членовите на Општинската организација на ПОДЕМ со заедничкиот кандидат за градоначалник д-р Тони Коњановски, заменик-министерот за финансии проф. д-р Николче Јанкуловски и кандидатите за советници Александар Цветаноски и Златко Лозановски, предводени од носителот на листата проф. д-р Филип Поповски, се вели во соопштението од ПОДЕМ, што МИА го објавува интегрално. 

Во своето обраќање, д-р Тони Коњановски истакна дека континуитетот во реализацијата на проектите е клучен за стабилен развој на општината. „Во изминатиот мандат покажавме дека можеме да реализираме значајни инфраструктурни и општествени проекти. Со поддршката на граѓаните, ќе продолжиме уште посилно – со конкретни дела и видливи резултати“, порача Коњановски.

Заменик-министерот за финансии, проф. д-р Николче Јанкуловски, нагласи дека Владата преку Програмата за капитални инвестиции во изминатите две години обезбеди историска поддршка за Битола. „Само во рамките на двата јавни повика за финансирање на капитални проекти, Општина Битола доби поддршка за вкупно 81 проект, во вредност од над 15 милиони евра вкупно. Владата ќе продолжи да стои зад секоја општина што работи отчетно и проактивно, а Битола е пример за тоа. Заедно со Владата, во следниот период ќе го пуштиме во употреба автопатот Битола–Прилеп – стратешки инфраструктурен проект што ќе ја поврзе Пелагонија со остатокот од државата и ќе отвори нови перспективи за локалната економија и инвестиции.“

Носителот на советничката листа, проф. д-р Филип Поповски, додаде дека коалицијата „За твоја Македонија“ има јасна визија за иднината на Битола. „Нашата цел е Битола да биде град што се развива рамномерно, со отворен дијалог со граѓаните и со транспарентно управување со јавните средства“, изјави Поповски

На средбата се обратија и кандидатите за советници Александар Цветаноски и Златко Лозановски кои ја  потврдија силната поддршка и единството на членството на ПОДЕМ Битола, со јасна порака дека континуитетот на успешните политики е патот кон развиена и современа општина.

ПОДЕМ

фото: ПОДЕМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан