• петок, 22 ноември 2024

Поддршка за бубрежно болните од Општина Илинден

Поддршка за бубрежно болните од Општина Илинден
Скопје, 27 март 2022 (МИА) - Болестите на бубрезите може да се превенираат и на време да се откријат. За тоа е потребно редовно или еднаш годишно да се вршат контроли кај матичниот лекар, е пораката од настанот што се одржа во општина Илинден. Со настанот, што го организира Здружението на бубрежно болни граѓани Реална Поддршка-Кавадарци, се одбележа март, месецот на бубрегот. Како што информира Општина Илинден, на настанот присуствуваше и градоначалникот Александар Георгиевски, кој ја даде поддршката на овие наши сограѓани. Членовите од Здружението ја раскажаа нивната приказна, како и за потешкотиите со кои се соочуваат, особено за набавката на потребната терапија. Наведуваат дека дијализата е најчесто застапен метод во нашата земја за третирање на крајниот стадиум на бубрежната болест.  мд/мч/

Остани поврзан