Погодено складиште за нафта на „Сауди Арамко“ во Џеда
- Складиште за нафта на „Сауди Арамко“ е погодено денеска во Џеда, Саудиска Арабија.

Џеда, 25 март 2022 (МИА) - Складиште за нафта на „Сауди Арамко“ е погодено денеска во Џеда, Саудиска Арабија.
Саудиските државни медиуми информираа дека јеменското движење Хути извршиле серија беспилотни и ракетни напади, и дека се гледа голем облак црн чад во Џеда.Медиумите објави дека избувнал пожар во складиште за нафта пред трката Формула 1 во Џеда и дека јеменските бунтовници Хути признале дека извршиле серија напади врз Саудиска Арабија.
Саудиската нафтена компанија „Сауди Арамко“ се уште не ги коментира информациите за пожарот. аа/