Погба за можноста да се пресели во Лига 1: Никогаш не се знае што ќе донесе утре
- Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, одговори на зборовите на поранешниот дефанзивец на Марсеј, Патрис Евра, кој рече дека ќе го олесни трансферот на фудбалерот во францускиот клуб.
Париз, 15 октомври 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, одговори на зборовите на поранешниот дефанзивец на Марсеј, Патрис Евра, кој рече дека ќе го олесни трансферот на фудбалерот во францускиот клуб.
- Се насмеав затоа што тоа е чичко Пат, тоа го рече како шега. Сè уште сум под договор. Дали е можно да се преселам во Лига 1? Имам клуб, размислувам само да се вратам и да излезам од оваа ситуација. Но, никогаш не знаеш што ќе донесе утре, затоа никогаш не кажувај никогаш, изјави Погба за „L’Equipe“.
Претходно се дозна дека на Погба, кој беше дисквалификуван поради допинг, му е намалена казната од четири години на 18 месеци, а во професионалниот фудбал ќе може да се врати во март 2025 година. Сепак, според пишувањата на медиумите, Јувентус има намера предвреме да го раскине договорот со играчот.
Како што објави „Le10sport“, раководството на Марсеј ќе ја разгледа можноста за трансфер на 31-годишниот Французин во зимскиот преоден рок. зс/
Фото: ЕПА