Повторно еруптираше вулканот Килауеа на Хаваите
- Вулканот Килауеа на Хаваите еруптираше по 25-ти пат од декември минатата година, исфрлајќи високи столбови од жешка лава, пепел и чад.
Хонолулу, 13 јуни 2025 (МИА) - Вулканот Килауеа на Хаваите еруптираше по 25-ти пат од декември минатата година, исфрлајќи високи столбови од жешка лава, пепел и чад.
Килауеа е еден од најактивните вулкани во светот. Вулканот еруптираше по 25-ти пат од 23 декември 2024 година.
Висината на исфрлената лава достигна 305 метри, а ерупцијата траеше осум часа. мс/
фото: МИА архива