• четврток, 25 декември 2025

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово 

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово 

Тетово,  21 декември 2025 (МИА) - СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово. 

На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко" со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат" управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес" со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.

- Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.

Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово. ас/лв/

фото МИА

Остани поврзан