Повредените во пожарот во домот за стари лица во Мали Мокри Луг се во стабилна состојба
- Стабилна е состојбата на петтемина повредени во пожарот што синоќа избувна во дом за стари лица во Мали Мокри Луг, во Србија и кои се хоспитализирани на Воено медицинската академија во Белград, јавија белградски медиуми.

Белград, 14 декември 2023 (МИА) - Стабилна е состојбата на петтемина повредени во пожарот што синоќа избувна во дом за стари лица во Мали Мокри Луг, во Србија и кои се хоспитализирани на Воено медицинската академија во Белград, јавија белградски медиуми.
Се уште не е позната причината за пожарот што синоќа избувна во домот за стари лица во кој две лица загинаа.
Пожарот избувна синоќа околу 19 часот, а на терен веднаш биле испратени противпожарни единици. Пожарникарите евакуирале 73 корисници од домот и осум вработени. мс/
фото: МИА архива