• недела, 22 декември 2024

Повлечени сите американски војници од Сомалија

Повлечени сите американски војници од Сомалија
Могадишу, 17 јануари 2021 (МИА) - Американската армија денеска соопшти дека целосно се повлечени војниците од Сомалија. Дел од воените експерти предупредија дела повлекувањето на околу 700 американски војници од Сомалија е во „најлошо време“ бидејќи екстремистичката група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда, продолжува со нападите врз воени и цивилни мети, дури и во главниот град, Могадишу. Исто така, американските војници се повлечени на помалку од еден месец пред изборите во Сомалија. Повлекувањето на американските војници беше најавено минатата година, а 15 јануари беше последниот рок. Контингентот војници што беше стациониран во Сомалија, сега ќе биде прераспореден во Кенија и Џибути, каде САД имаат постојани бази во Африка. Американската армија за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп изврши голем број воздушни напади врз цели на Ал Шабаб, која брои од 5.000 до 10.000 борци. ми/

Остани поврзан