• петок, 10 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Повеќе од 40 лица се водат за исчезнати во бродолом во Нигерија

Повеќе од 40 лица се водат за исчезнати во бродолом во Нигерија

Абуџа, 18 август 2025 (МИА) - Спасувачките служби се обидуваат да пронајдат повеќе од 40 лица кои се водат за исчезнати по бродолом во северозападна Нигерија, соопшти Националната агенција за управување со вонредни состојби (NEMA).

Несреќата се случила во нигериската држава Сокото.

„Десетина лица се спасени, а повеќе од 40 патници сè уште се водат за исчезнати“, објави агенцијата за управување со вонредна состојба.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан