• сабота, 18 мај 2024

Повеќекратни крводарители добија признанија во Неготино 

Повеќекратни крводарители добија признанија во Неготино 

Неготино, 18 март 2024 (МИА) - Повеќекратни крводарители добија признанија денеска во Неготино, во рамките на одбележувањето на 17 март, денот на крводарителството и денот на основањето на Црвениот крст на РСМ.

-  Оваа година се одбележуваат 79 години од формирањето на хуманитарната организација. Признанија добија  крводарители со дарувани 10, 25, 50 и 100 пати,  ги додели претседателот на ОО на  Црвен крст Неготино, д-р Миле Тошев, рече секретарот  на неготинскиот Црвен крст, Тошко Настов. 

Тој подвлече дека Црвен крст Неготино доби државно признание за остварен план во делот на крводарителството.

- Од проектирани 640, се собрани 874 крвни едници за 2023 година, или планот е остварен за 130 отсто, истакна Настов. свд/аа/

Фото : Црвен крст Неготино 

Остани поврзан