Победи за Македонија ЃП и Башкими
- Првите два натпревара од 6.коло од Првата фудбалска лига одиграни попладнево завршија со победи на домашните екипи
Скопје, 16.септември 2025 (МИА) – Првите два натпревара од 6.коло од Првата фудбалска лига одиграни попладнево завршија со победи на домашните екипи. Во Ѓорче Петров, домаќинот Македонија ЃП ја оствари втората победа во шампионатот совладувајќи ја АП Брера со 2:0.
Во Куманово Башкими му го нанесе првиот пораз на Силекс, совладувајќи го 2:1. Кратовчани во последните 30 минути играше со играч повеќе, но не успеа да стигне до изедначување.
Утре се играат натпреварите: Струга – Шкендија и Тиквеш – Шкупи, додека во четврток на програмата се дуелите: Арсими – Вардар и Работнички – Пелистер. Почетокот на натпреварите е во 15:30 часот.
Силекс остана на чело на табелата со 15 бодови, колку што има и Струга, но и натпревар повеќе. мн/
Фото: ФФМ