Победи за домашните екипи на првите три средби од 15.коло во кошаркарското првенство
- Во Првата македонска кошаркарска лига викендов на распоредот се натпреварите од 15. коло. На трите досега завршени дуели се радуваа екипите домаќини.

Скопје, 8 февруари 2020 (МИА) – Во Првата македонска кошаркарска лига викендов на распоредот се натпреварите од 15. коло. На трите досега завршени дуели се радуваа екипите домаќини.
Резултати:
Гостивар – МЗТ Скопје Уни Банка 89:69 (вчера)
Пелистер – Вардар 96:81 (денес)
Куманово – Кожув 79:67 (денес).
Утре играат:
Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром
Работнички – Еуро Никел.
Пред комплетирање на 15.коло на табелата води Гостивар со 26 бода, пред МЗТ Скопје Аеродром со 25, Кожув, Работнички и Еуро Никел имаат по 24,... зс/