• петок, 17 мај 2024

Побарано укинување на притворот за професорот што нападна ученик во Струга

Побарано укинување на притворот за професорот што нападна ученик во Струга
Струга, 3 февруари 2022 (МИА) – Одбраната на професорот, кој во декември со метален боксирач нападна ученик во струшкото средно училиште „Ибрахим Темо“, на денешното судско рочиште побара укинување на мерката притвор. Адвокатот Сеад Мена смета дека не биле исполнети објективните елементи на кривичното дело насилство. - Има контрадикторни докази, особено исказите на сведоците и на оштетениот и спротивно на обвинителството, одбраната бара обвинетиот да биде ослободен од ова кривично дело. Кривично дело има, тоа е телесна повреда, но таа се гони со приватна тужба, не по службена должност. Затоа побаравме притворот да му биде укинат и сметам дека судот ќе донесе правилна одлука, изјави Мена. Професорот, кој е обвинет за насилство на денешната расправа кажа дека на случајот му претходел вербална расправија со негова колешка, мајка на повредениот ученик. Тој тврди дека бил нападнат од ученикот во тоалетот, со тупаница на челото. Боксирачот го извадил за да го исплаши, но тој завршил во главата на ученикот, а го носел со себе поради заштита, но никогаш го немал употребено. По инцидентот, ученикот со повреди на глава бил примен на Хирушкото одделение во струшката општа болница. сс/цр

Остани поврзан