• недела, 22 декември 2024

Пленковиќ потврди дека ќе биде носител на листата на ХДЗ на изборите за Европскиот парламент

Пленковиќ потврди дека ќе биде носител на листата на ХДЗ на изборите за Европскиот парламент

Загреб, 22 април 2024 (МИА) - Премиерот на Хрватска и лидер на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ денеска потврди дека ќе биде носител на листата на неговата партија на изборите за Европскиот парламент.

Тој позитивно одговори на новинарско прашање дали ќе ја предводи листата на ХДЗ за ЕП, пренесува Хина.

Пленковиќ ги демантираше тврдењата на опозицијата дека тоа е „бегство во Брисел““ и додаде дека ХДЗ е победничката листа на оние кои навистина работат за Хрватска да биде посила во Европа.

Европските избори во Хрватска ќе се одржат на 9 јуни, право на глас имаат сите хрватски граѓани над 18 години, а ќе изберат 12 пратеници кои ќе ја претставуваат Хрватска во Европскиот парламент. ссм/

фото: архива

Остани поврзан