Пленковиќ повикува на ублажување на тензиите во БиХ по разговорите со Шмит
- Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изрази загриженост за политичката криза во Босна и Херцеговина (БиХ) и повика на смирување на тензиите, осудувајќи ги потезите што ја загрозуваат функционалноста на земјата.
Загреб, 25 април 2025 (МИА) - Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изрази загриженост за политичката криза во Босна и Херцеговина (БиХ) и повика на смирување на тензиите, осудувајќи ги потезите што ја загрозуваат функционалноста на земјата.
По разговорите во Загреб со високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит, Пленковиќ напиша на „X“ дека за Хрватска мирот, стабилноста и европскиот пат на БиХ се од стратешко значење, како и обезбедувањето целосна рамноправност на Хрватите како конститутивен народ.
-Ги осудуваме потезите што ја загрозуваат Дејтонската рамка и функционалноста на БиХ, изјави Пленковиќ по состанокот, на кој присуствуваше и хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.
Пленковиќ додаде дека Хрватска продолжува да води конструктивен дијалог со високиот претставник во БиХ.
Тој повтори дека „е потребен итен договор за изборна реформа што би обезбедил легитимно претставување на хрватските политички претставници“. мс/
фото: ЕПА