• четврток, 07 ноември 2024

Пласница наскоро ќе добие колекторски систем

Пласница наскоро ќе добие колекторски систем

Скопје, 19 мај 2021 (МИА) - Општина Пласница подготвува повеќе проекти со кои ќе се овозможи побрз економски развој и помало иселување. Еден од капиталните проекти кои треба да го решат проблемот со отпадните фекални води е колекторскиот систем, кој ќе има два крака и ќе биде финансиран од два независни извори, потврди Алија Јахоски, градоначалникот на Општината.

Јахоски истакна дека за трајно да се реши проблемот со отпадните фекални води и да има чисти реки, ќе биде изграден колекторки систем и потоа и пречистителна станица.

- Колекторскиот систем ќе има два крака, едниот крак ќе ги собира отпадните води на население од 1.700 жители и ќе се гради со средства обезбедени во 90 проценти од Министерството за животна средина и просторно планирање во износ од  5.300.000 денари и 10 проценти средства на општината, истакна градоначалникот.

Тој потсети дека покрај вториот крак од колекторскиот систем, ќе биде изградена и фекална канализација со должина од 1.700 метри.

- Вториот дел од колекторскиот систем ќе биде со капацитет за 2.500 жители а ќе се гради преку Министерството за транспорт и врски со средства обезбедени од Европска и Светска банка. Покрај колекторскиот ќе биде изграден и крак за фекална канализација со должина од 1.700 метри. Административната процедура треба да заврши во текот на наредниот месец и да отпочне реализацијата на овој проект, додава Јахоски.

Тој наведе дека во подготовка се уште десетина проекти и го потенцира проектот за изградба на патишта и улици во општината со акцент на општинскиот центар Пласница. за/ар/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан