• вторник, 19 ноември 2024

Планот за економско закрепнување на ЕУ доведен во прашање

Планот за економско закрепнување на ЕУ доведен во прашање
Брисел, 30 март 2021 (МИА) - Планот на Европската унија за економско закрепнување од последиците од корона-кризата наиде на пречка, бидејќи пред германскиот Уставен суд беше покренато прашањето за уставноста на заедничкото преземање на долгот на Унијата од 27 члена. Земјите-членки на ЕУ во јули минатата година се согласија да издаваат заеднички обврзници на меѓународните финансиски пазари преку Европската комисија, со цел да соберат 750 милијарди евра за да се ублажат негативните ефекти од пандемијата на коронавирусот врз националните економии, јави Си-Ен-Би-Си. Иако земјите на ЕУ носат многу политички одлуки заедно, секоја земја има целосна контрола над своите фискални аранжмани. Прифаќањето на заедничкиот долг се покажа контроверзно за повеќе фискално конзервативните земји на Унијата, кои стравуваат дека тоа ќе резултира со поголем товар на нивните даночни обврзници. Невладината организација во Германија, „Алијанса на волјата на граѓаните“ поднесе жалба до Уставниот суд на земјата, во која се наведува дека европските договори не дозволуваат заедничко задолжување. Како резултат на тоа, германскиот суд во петокот запре закон со кој ќе се отвори патот на Европската комисија да влезе на пазарот на долгови и да собере средства за Фондот за наплата. Германските судии изјавија дека мора да донесат превентивна одлука за привремена забрана на законот. „Свесни сме дека Фондот за наплата е политички проект за кој веќе е одлучено. Сепак, имајќи ги предвид значителните ризици, федералната влада треба да осигури дека позајмувањето на ниво на ЕУ и заобиколување на фискалните правила не стане трајно решение“, се вели во соопштението на Уставниот суд. Одлуката на германскиот суд дојде и покрај фактот дека минатата недела 478 од 645 членови на германскиот Парламент дадоа „зелено светло“ за ратификација на заедничкиот закон за долгови на ЕУ. Американската телевизиска станица потсетува и дека ЕК не може да бара средства на финансиските пазари пред сите земји-членки да го усвојат релевантниот закон за ваквиот потег. Вкупно 22 од 27 земји-членки на ЕУ досега го усвоија законот или треба да го завршат процесот следниот месец. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан