Пирс Броснан го доби четвртото внуче
- Го објави раѓањето на своето четврто внуче, на Инстаграм вчера. Момчето Џексон Илајџа Броснан е родено на 12 ноември, од синот на Пирс, Шон и сопругата Сања Баниќ, која инаку, е по потекло од

Лос Анџелес, 18 ноември 2022 (МИА) - Пирс Броснан (69) го објави раѓањето на неговото четврто внуче, на Инстаграм вчера. Момчето Џексон Илајџа Броснан е родено на 12 ноември, од синот на Пирс, Шон и сопругата Сања Баниќ, која инаку, е по потекло од Хрватска.
„Сите убави благослови за тебе, мојот најмил внук, добредојде. Честитки, драги мои Шон, Сања и Марли. Ви посакувам мир“, напиша Броснан покрај две слики на Џексон одблиску. Двојката се родители и на седумгодишната Марли Меј. Броснан има и двајца постари внуци - Изабела и Лукас, од неговата покојна ќерка Шарлот, која почина од рак на јајниците во 2013 година. си/