• понеделник, 23 декември 2024

Пионерскиот тим на Алкалоид го освои турнирот во Нант

Пионерскиот тим на Алкалоид го освои турнирот во Нант
Нант, 28 август 2022 (МИА) – Пионерскиот тим на Алкалоид освои злато меѓународниот ракометен турнир што се одржа во Нант, Франција. Алкалоид денеска во полуфиналето го совладаа шпанскиот тим Понтеведра (23-20), а во финалето кое имаше драматичен финиш беа подобри од уште една шпанска екипа, Хихон 27:26. Алкалоид на овој турнир одигра вкупно седум натпревари и победи на сите средби. Финале денес играше и сениорската екипа на Алкалоид. „Фармацевтите“ загубија од Партизан и го освоија второто место на турнирот во „Трофеј Нови Београд“ на кој учествуваа и Динамо Панчево и израелски Ашдод. зс/

Остани поврзан