• петок, 05 декември 2025

Пингпонгарите на Крива Паланка на чекор до шампионската титула

Пингпонгарите на Крива Паланка на чекор до шампионската титула

Прилеп, 2 јуни 2025 (МИА) - Во првиот натпревар од финалето во плејоф на Супер лигата, пингпонгарите на Крива Паланка го победија тимот на Младост 96 од Припел со 4:3 и се на чекор до шампионската титула. 

Пелистер од Втора лига ќе се унапреди во Прва лига со победата над ППК Кочани. Ова ќе биде прв настап за битолската екипа во второто по ранг натпреварување во Македонија.

Кочани ќе ги продолжи натпреварите во Втора лига, односно трета по ранг.

Младата екипа на Куманово не успеа да победи во баражот со Радовиш за промоција во најдобрата македонска лига - Супер лига. Радовиш го задржува своето место во Супер лига, додека Куманово останува во Прва лига наредната сезона. зс/

Фото: ППФМ

Остани поврзан