Печатењето учебници проблем за малобројните етнички заедници откако конкурсите ги презедоа издавачките куќи
- Министерството за односи меѓу заедниците денеска го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 Февруари и им додели благодарници на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Националната установа „Музеј на албанската азбука“, како и на наставници што предаваат на јазиците на помалите етнички заедници во Македонија. На средбата со потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ, наставници укажаа на проблемот со учебници што малобројните етнички заедници ги имаат по донесувањето на измените на Закон за учебници минатата година, со кој конкурсите за учебници наместо МОН ги објавуваат издавачките куќи. Со оглед на тоа што од прво до деветто одделение настава за секој од малцинските јазици следат по стотина ученици, тиражот на учебници е многу мал и печатењето на ракописите што им се понудени е неисплатливо за издавачките куќи.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.