• вторник, 26 ноември 2024

Пет кандидати за ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола

Пет кандидати за ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола

Битола, 31 мај 2022 (МИА)Утре на пладне во сите единици на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола со тајно гласање ќе се изврши избор на нов ректор на битолскиот Универзитет.

Гласањето ќе се одвива во терминот од 12 до 14 часот, а универзитетската изборна комисија редоследот на петте кандидати го утврди според азбучен ред на презимето, односно Данчевска д-р Верица, редовен професор на Технички факултет-Битола, Димовски д-р Злате, редовен професор на Факултет за безбедност-Скопје, Кекеновски д-р Јове, редовен професор на Факултет за туризам и угостителство во Охрид, Кочоски д-р Љупче, редовен професор на Факултет за биотехнички науки и Неделковски д-р Игор, редовен професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола.

Ректор се избира од редот на редовните професори на слободни, непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно – научните, научните и наставничките совети на единиците, за време од три години, со право на уште еден избор. Право на глас за избор на ректор од сите единици на УКЛО имаат 280 членови на наставно – научните, научните и наставничките совети во кои има претставници и од студентите.

Универзитетот и неговите единици ја реализираат постапката за избор на ректор во согласност со Законот за високото образование, Стаутот на Универзитетот и  Упатството за постапката за избор на Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, за што од Сенатот на УКЛО е избрана  Универзитетска изборна комисија од седум члена и тројца заменици од редот на сенаторите, чиј претседател е проф. д-р Љупчо Кеверески, од Педагошкиот факултет – Битола. мт/мд/

Остани поврзан