• петок, 22 ноември 2024

Пет деца загинаа во удар на гром во Гвинеја

Пет деца загинаа во удар на гром во Гвинеја
Конакри, 19 јуни 2020 (МИА) - Пет деца, меѓу кои и 16-годишна бремена девојка, се убиени од гром во западноафриканската земја Гвинеја, соопшти локалната Влада. Во „силното грмење“ повредени се уште седум лица, се вели во соопштение на Министерството за безбедност и цивилна заштита на земјата. Жртвите присуствувале на церемонијата на крштевање и биле на возраст меѓу 2 и 17 години, се додава во документот. Министерството не даде дополнителни детали. Церемониите за крштевање во Гвинеја често се одвиваат на отворено, под дрвја или на бреговите на езерата. јт/

Остани поврзан