• четврток, 30 јануари 2025

Петтиот носител поуспешен од Ивановски на челинџерот во Кливленд

Петтиот носител поуспешен од Ивановски на челинџерот во Кливленд

Кливленд, 28 јануари 2025 (МИА) - Македонскиот тенисер Калин Ивановски е елиминиран во првата рунда на Челинџер турнирот во американскиот град Кливленд. 

Поуспешен од Ивановски беше петтиот носител домашниот тенисер Брендон Холт со 2:0 во сетови (6:1 и 6:1) за еден час игра. 

Холт во моментов се наоѓа на 181.место на АТП листата што е само една позиција послаб ранг од неговиот најуспешен во кариерата (180 место во мај 2022 година).

Инаку, Холт кој има 26 години е син на поранешната тенисерка број 1 во светот Трејси Остин.

Турнирот во Кливленд е од рангот Челинџер 75 и се игра за награден фонд од 100.000 долари. зс/

Фото: МТФ

Остани поврзан