• недела, 22 декември 2024

Петта олимписка бронза за шпанските ракометари

Петта олимписка бронза за шпанските ракометари

 

Париз, 11 август 2024 (МИА) – Шпанската машка ракометна репрезентација го освои бронзениот медал на Олимписките игри откако претпладнево во натпреварот за третото место ја совлада Словенија со 23-22 (12-12).

Алеис Гомез со пет голови од пет обиди и Агустин Касадо со четири голови беа најефикасни кај Шпанија, додека Јуре Доленец постигна шест голови, сите шест од седум метри за Словенија.

Шпанија на тој начин го повтори резултатот од пред три години во Токио, кога исто така ја освои бронзата. Ова е петти олимписки медал за двократните светски и европски шампиони и сите пет се бронзени.

Словенија, пак, ќе мора да го чека првиот олимписки медал во ракомет.

Од 13 часот и 30 минути во финалето ќе играат Германија и Данска. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан