• понеделник, 23 декември 2024

Петрушевски: Бајрами од СДС и ДУИ во кафеана за 2 часа трошел пари колку што на едно просечно семејство му се потребни за да го помине цел месец

Петрушевски: Бајрами од СДС и ДУИ во кафеана за 2 часа трошел пари колку што на едно просечно семејство му се потребни за да го помине цел месец

Скопје, 6 август 2024

Наим Бајрами, министер во МИОА од СДС и ДУИ немилосрдно ги трошел народните пари на скапи кафеани, за јадење и пиење.

Како што рековме вчера, денес објавуваме детали. Имено во само еден ден на 27.03.2024 година Наим Бајрами во ресторан Капри во Скопје потрошил  48.500 денари.

На сметката од 48.500 денари Бајрами покрај на други јадења потрошил над 10 илјади денари за пршута.

Кого се гоштевал Бајрами и како се трошени народните пари, кога за еден ручек се трошени по 2 минимални плати.

Бајрами во кафеана за 2 часа трошел пари колку што на едно просечно семејство му се потребни за да го помине цел месец.

Аздисаното трошење на СДС и ДУИ и нивните министри како Наим Бајрами резултираше со ограбена држава.

Власта на СДС и ДУИ крадела на се, почнувајќи од скапи ручеци и илјадници евра од службени картици, завршувајќи со матни тендери.

За ограбената држава одговорност ќе има. Утре продолжуваме со нови детали за случајот со Наим Бајрами. 

На денешната прес конференција пратеникот Бране Петрушевски одговори и на новинарско прашење во однос на најавите од страна на ДУИ за дестабилизација на државата кои што излегоа во медиумите, тој ги повика СДС и ДУИ да кажат кој е планот за дестабилизација и што им е целта.

„СДС и ДУИ да кажат кој е планот за дестабилизација и што е целта? Дали СДС и ДУИ заедно го спремаат планот за дестабилизација на државата од есен? Филипче потрча со статус на фејсбук да си ја тргне мувата од копата, но џабе, и малите деца знаат дека СДС е помалиот брат на ДУИ. Сите криминали кои ги правеше ДУИ нема да беа возможни без СДС. СДС да кажат што планираат со ДУИ и дали целта е да се заштитат од одговорност за сторените криминали и ограбената држава? И СДС и ДУИ треба да знаат дека насилство и безредие нема да им помогне, напротив и за тоа ќе треба да одговараат и да се соочат со последиците на сопствените дејствија“ истакна Петрушевски.

 

Интегрален текст од прес конференција на Бране Петрушевски пратеник во Собранието

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан