• петок, 22 ноември 2024

Петнаесет години затвор за неготинецот што ја претепа поранешната партнерка и таа почина од повредите 

Петнаесет години затвор за неготинецот што ја претепа поранешната партнерка и таа почина од повредите 
Кавадарци, 23 ноември 2022 (МИА) - Петнаесет години затвор пресуди судот во Кавадарци, за неготинецот што ја претепа поранешната партнерка и таа почина од повредите. - Основен суд Кавадарци известува дека на ден 22.11.2022 година по одржаната главна и усна расправа, обвинетиот П.Н. од Неготино за кривично дело Тешка телесна повреда по чл. 131 ст. 4 вв ст. 2 вв ст. 1 вв чл.12 ст. 2 од КЗ, а по дадено признание за вина, огласен е за виновен за настанот што се случи на 02.08.2022 година во Неготино, кадешто извршил семејно насилство, во кое оштетената Љ.Г. од здобиените тешки телесни повреди, почина на 06.08.2022 година, со тоа што од страна на судечкиот судија му е изречена казна затвор во траење од 15 години, којашто да биде извршена по правосилноста на пресудата, се вели во известувањето од Основен суд Кавадарци. свд/цр

Остани поврзан