• недела, 22 декември 2024

Петковиќ: Пораките на Курти, Скопје да се приближи на Косово се безобразлук

Петковиќ: Пораките на Курти, Скопје да се приближи на Косово се безобразлук

Белград, 12 август 2023 (МИА) - Србија денес преку директорот на Кацеларијата за Косово и Метохија реагираше на изјавите на косовскиот премиер Албин Курти дадени во Тетово, „Скопје да се приближи кон Косово, Албанија и Бугарија, и да се оддалечи од Србија“, оценувајќи ги како „безобразлук и повеќекратен нонсенс“, бидејќи таквите изјави ги дал кога „отворено се ангажира на дестабилизација на Северна Македонија“, јави дописникот на МИА од Белград.

Петковиќ во изјавата што ја пренесе Канцеларијата за Косово и Метохија, наведе дека курти допатувал во Северна Македонија да ги подбуцнува најекстремните политички структури на Албанците и да го промовира фашистичкиот проект на т.н. Голема Албанија.

-Самопроклимирајќи се за политички и идеолошки ментор на оние који би ја дестабилизирале и поделиле Северна Македонија, Курти својата воинствена мисија од Косово ја прошири и на соседните територии кои ги смета за составни делови на својот налудничав големоалбански државотворен проект, наведе Петковиќ.

Тој додаде дека „е разбирливо Курти да го напаѓа Белград од Тетово, кое во блиското минато беше во фокусот на албанскиот тероризам и сепаратизам во Северна Македонија, бидејќи Србија е најдоследниот и најискрен пријател на Северна Македонија во регионот“. Петковиќ апелираше до сите во Северна Македонија да не подлегнуваат на пропагандата и воинствената реторика на Албин Курти, туку да продолжат да градат просперитетна држава Северна Македонија.

-Што друго е потребно за спонзорите на Курти во меѓународната заедница да се вразумат и да сфатат дека негуваат чудовиште, кое ако не се запре, ќе разгори нов бран на конфликти и уништувања на Западен Балкан, рече Петковиќ.

Тој додаде дека преку иницијативата Отворен Балкан и на сите други начини, Србија ќе продолжи да гради мостови на пријателска соработка со сите оние на кои им е грижа за нашиот регион засекогаш да го остави зад себе мрачното доба на меѓуетнички поделби и конфликти и тргнувајќи по патот на развој и напредок.

На изјавите на Курти реагираше и поранешниот министер за одбрана на Србија, Драган Шутановац, кој порача дека Курти одамна би започнал војна во регионот, да имаше воена моќ и подршка.

Тој реагираше и на изјавите на градоначалникот на Тетово кој Курти го најви „како специјален премир на Тетово и премеир на сите Албанци“. об/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан